vesti24.mk
ВЕСТИ

Филипче призна дека повеќе трча за кампања за избор на претседател

ECA

Министерот за здравство Венко Филипче вчера гостуваше во централниот дневник на 1ТВ каде што говореше за актуелниот проблем со кој што се справува државата, а тоа е епидемија на морбили.

Но водителот, Александар Чомовски, во текот на централниот дневник го запраша дали е точно дека повеќе од времето Филипче трча и во изборна кампања бидејќи така тврди опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО вели Филипче трча по Стево Пендаровски, си заборава на здравството, нагласи Чомовски.

Добро, точно е дека тераме и една таква кампања која што е за поддршка на заедничкиот претседателски кандидат. Меѓутоа сме целосно посветени и на справување со сите проблеми во здравствениот сектор. Практично на дневна база имаат комуникација членовите на комисијата за заразни болести и тие ги разменуваат информациите за ново дијагностицирани и новопримени пациенти и практично на секојдневна база ние носиме нови одлуки дали нешто треба да се прошири при препораките, дали треба да обезбедиме дополнителни капацитети и дали треба да ги пренасочиме пациентите во некоја од клиниките ако се исполни некој капацитет, одговори Филипче.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts