vesti24.mk
ЗАБАВА

Филмско бегство: Вака познат мафијаш избега од затвор со хеликоптер- цела земја го бара криминалецот кој има книги за своите злодела

ECA

Еден од најозлогласените криминалци во Франција, Редоан Фаид, избегал од затворот во Рео.

Во тоа му помогнале три соучесници кои вооружени упаднаа во затворските простории за посети, го земале Фаид и го одвеле со хеликоптер. Нешто подоцна полицијата го пронашла хеликоптерот запален, а има сомнежи дека криминалците избегале во црн автомобил.

Ова не е прво бегство затвор, во 2013 година тој побегна од затвор со помош на динамит.

Редоан Фаид тогаш отслужувал казна за грабеж и требало да му се изрече нова, тешка казна поради убиство на полицајка во 2010 година. Пред пет години е уапсен во хотел во местото Понто-Комбол, 20 километри источно од централен Париз.

Фаид , растел во мигрантски камп надвор од Париз, наоружен е и посебно опасен.

Порано бил пуштен на условна слободна после една деценија мината зад решетки, затоа што ги убедил надлежните дека жали за кривичните дела направени во минатото и дека спремен за нов живот.

Пред неколку години беше и коавтор на две книги каде ги призна сите злодела. Во книгата кажал дека животот на криминалците бил инспириран од американските филмови, како што е на пример „Лице со лузна“.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts