vesti24.mk
ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

Форум за регулатива за ангел инвеститори

ECA

Форум 2018 – Потенцијал на регулатива за ангел инвеститори ќе се одржи денеска во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК).

Високи претставници од Владата, претставници на деловната заедница, домашни и странски експерти, академици и професори ќе дискутираат за можностите и потенцијалот за воспоставување  регулатива за ангел инвеститори во Македонија со цел привлекување и зголемување на бројот на инвестициите, неопходни за раст и севкупен економски развој.

Во фокус на дискусиите ќе бидат постојната законска регулатива во Европа и светот, глобалните трендови и моделот на регулирање ангел инвеститори на глобално ниво.

Преку интерактивна дискусија ќе се формират заклучоци за подигнување на свеста за различните модели на инвестирање.

Настанот е под покровителство на Кабинетот на министерот за регулатива за подобрување на инвестициската клима Зоран Шапуриќ, а најавени се негово и обраќања на претседателот на МАНУ Таки Фити, на претседателот на ССК Данела Арсовска, како и на професрот  Леонид Наков од Економскиот факултет во Скопје.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts