Uncategorized

Фотографијата која го обиколи светот: Новороденче дошло на свет со контрацепциона спирала во рачето

ECA
Ако во родителството постои момент за паметење, тогаш тоа дефинитивно е кога новороденчето за прв пат ќе ги стисне своите прстиња. Ова бебе успеало да оди и чекор понапред.

За Луси Хелејн, овој момент бил многу поразличен отколку за другите мајки, бидејќи нејзиното бебе Декстер дошло на свет држејќи контрацепциона спирала во раката.

Оваа справа, чија ефикасност е поголема од 99 проценти, би требало да оневозможи Декстер да биде роден. Меѓутоа, докторите ја отстраниле од плацентата на Луси, каде била заглавена, за време на нејзиниот царски рез на 27. април.

Мајката од Алабама го пофалила својот “мал џедај” во објавата на Фејсбук, додавајќи дека по раѓањето ги извадила јајниците за да “ја затвори фабриката за бебиња”.

Нова бременост сега е речиси невозможна, но со оглед на тоа што се случило, уште едно чудо не е исклучено, оценува британски Telegraph.

извор:Точка

 

Loading...