vesti24.mk
ВЕСТИ

ФОТО: ЕСЗ Тигар на средба со Спасовски

ECA

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во својот кабинет имаше средба со припадниците на Единицата за специјални задачи кои учествуваа на 11-от Меѓународен натпревар на специјални единици  – KASOTC, во периодот   14 до 20 април во Аман, Јордан.

Министерот Спасовски упати честитки до тимот од ЕСЗ  за одличниот успех постигнат во рамки на овој меѓународен петдневен натпревар што беше спроведен во пет дисциплини каде во една од најсложените  дисциплини TOP SHOT, која се состои од полигонско тактичко пукање со пушка, пиштол и сачмарка, со ограничен број куршуми, во краток временски период и во определен број мети (вешто, брзо и прецизно пукање), тимот од ЕСЗ го освои првото место.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts