vesti24.mk
ЗАБАВА

ФОТО: Се онесвестила среде венчавката и добила легендарна фотографија

ECA

Кевин Кенеди Рајан е само еден во низата луѓе кои споделуваат на социјалните мрежи фотографии од нивната венчавка, што пак е сосема во ред.

Таквите фотографии добиваат стотици лајкови, честитки и здодевни коментари од остатокот на семејството. Но фотографијата на Рајан стана вирал од потполно неочекувана причина. Младоженецот од Шефилд на фотографијата е со сопругата Џес, а станува збор за првиот бакнеж по познатите зборови. Во истиот момент сестрата на Рајан Грејс се онесвестила и паднала пред нив.

Откако ја споделила фотографијата таа со брзина на светлината станала вирал, а многумина сакале да дознаат што повеќе детали од свадбата и што всушност се случило. Рајан немал ништо против да објасни.

-Мојата сестра се онесвести во истиот момент кога матичарот кажа „Можете да ја бакнете невестата. Не беше планирано. Буквално се случи за секунда и потоа сите бевме покрај на. На мојата сестра не и беше ништо сериозно, но сепак остана да седи до крајот на церемонијата“, објаснил Рајан за Индепендент.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts