vesti24.mk
ВЕСТИ

Фросина Ременски останува без пасош

ECA

За пратеничката Фросина Фросина не беше побарана мерка притвор, туку само мерка на претпазливост.

Само за Јасна Мандиќ, потретседателката на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски, беше побаран притвор, а судијата Ненад Савески и’ определи куќен притвор.

За Ременски, како и за другите осомничени во проширената истрага од предметот Рекет се барани само мерки за претпазливост, односно одземање на пасош, забрана за напуштање на престојувалиште, и еднаш неделно да се јавуваат во судот.

Обвинителката Вилма Рускоска најави дека осомничени утре ќе дојдат да дадат исказ во судот.

Инаку, осомничени во новата истрага на Обвинителството за организиран криминал и корупција се пратеничката Фросина Ташевска Ременски, Јасна Мандиќ, заменик-претседател на Меѓународниот сојуз, и Миле Јовановски, таткото на Боки 13, како и асистентката на Мандиќ.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts