vesti24.mk
Uncategorized

Харадинај со закана до Србија: Ќе ви одземеме една третина од вашата територија!

ECA
Харадинај пред своите поддржувачи вети дека доколку стане премиер на Косово, ќе присвои една третина од територијата на Србија.

Претседателот на опозициската Алијанса за иднината на Косово, Рамуш Харадинај повторно упати закана до Србија и порача дека доколку стане премиер, а Србија дотогаш не го избрише Косово од својот устав, тој ќе присвои една третина од територијата на Србија, почнувајќи од Ниш.
На Косово се распишани вондредни парламентарни избори кои што ќе бидат одржани на 11-ти јуни, а Харадинај во екот на кампањата, како и многу политичари од регионот, со националистичка и популистичка реторика се обидува да привлече што е можно повеќе гласачи.

Харадинај во интервјуто на телевизија Рокум, изјавил дека „треба да им се каже на ЕУ, а посебно на САД, дека Албанците не се народ со кој што некој може да си поигрува или да го исмејува“.

„На оваа тема Европа не прави ништо. Му благодарам на Берлин, од каде што пристигна јасен став во врска со мојот случај, но кога е во прашање Брисел, ова не е фер. Треба да реагира и Америка и да им покаже на Србите каде им е местото“, порача поранешниот претседател на косовската влада.

Според него, Србија треба да го избрише Косово од преамбулата на српскиот Устав.

„Ако Америка и Европа не ја завршат оваа работа, тогаш не ни останува ништо освен да воведеме реципроцитет. Додека тие го држат Косово во својот Устав, тогаш редот е на нас да припоиме една третина од нивната кон нашата територија“, изјавил Харадинај и порачал: „Нема повеќе со нас да си поигрува лошиот сосед“.

Точка.мк

Loading...