vesti24.mk
ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

Хоспитализирани уште 5 деца и 1 возрасен за кои постои сомнеж дека се заболени од морбили

ECA

Министерството за здравство информира дека денеска до 10:00 часот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се хоспитализирани уште 5 деца и 1 возрасен, суспектни морбили. Тоа значи дека во моментов има 20 болни од морбили, од кои 18 се деца и двајца се возрасни.

Децата се на возраст од 9 месеци до 2,5 години, а возрасната е девојка од 24 години. Има едно дете од Радишани, другите се од градинката „Сонце“ од Ново Лисече – Аеродром. Возрасната девојка е од скопската населба Кисела Вода и е со непознат вакцинален статус.

Од Клиниката информираат дека на имаат 120 легла, но треба да се има в предвид, дека се хоспитализираат пациенти и со друга патологија. Најмладиот пациент е бебе од 8 месеци, а најстариот има 43 години од Скопје и е мајка на едно од заболените деца.

Најмногу заболени има во населбата Аеродром-Ново Лисиче вкупно 11 деца и уште нови 4 суспектни, за кои утре ќе се знае резултатот од лабораториските анализи, кои ќе потврдат или отфрлат морбили. Но, сите ново примени пациенти имаат клиничка слика на пациенти заболени од морбили (мали сипаници).

Досега, во сите вакцинални пунктови во Скопје до 13 часот вакцинирани се 1,894 лица, а само денес вакцинирани се 30 деца.

Министерството за здравство уште еднаш повика на вакцинација на децата, иако е прогласена епидемија од морбили.

„Вакцините кои се аплицираат во сите здравствени домови се со добар квалитет, од европски производител и имаат добар рок на траење. За време на викендов вакциналните пунктови во Центар, Карпош и Јане Сандански, ќе работат само прва смена од 7.30 до 13 часот“ велат од министерството за здравство.

Loading...

Related posts