vesti24.mk
Uncategorized

Циклонот НЕВЕН ќе ја нападне и Македонија, очекувајте поинтензивни дождови и снегови

ECA

Поради јужното воздушно струење утре (сабота) ќе има повремени локални врнежи со слаб до умерен интензитет, на пониските места ќе бидат од дожд додека снег ќе врне само на планинските места низ државава.

Во недела ќе има повремени врнежи кој на ниските места ќе бидат од дожд додека во северните  и во западните предели на пониските места има услови за дожд и снег или влажен снег каде има услови за формирање на потенка снежна покривка (на некои места). Врнежите ќе бидат со слаб до умерен, на некои места и со умерен интензитет.

На повисоките места и на планините снежната граница значително ќе се зголемува.

Потоа во понеделник ќе има локални слаби врнежи од дожд на ниските  и снег на повисоките места и на планините.

Поинтензивен влажен бран циклонот НЕВЕН ќе донесе во вторник кога ќе има поинтензивни врнежи и тоа претежно од снег додека услови за дожд и снег ќе има само на некои ниски места и тоа претежно на југот  и југоистокот од државава.

Овој бран значително ќе ја зголемува снежната покривка и понатаму на повисоките места и на планините додекана повеќе пониски места истата ќе се формира. Ќе започне да дува умерен до засилен ветер од северен и од североисточен правец и истиот ќе услови значително опаѓање на истите и максимумот во вторник ќе изнесува во интервалот од -1 до 7 додека кон крајот на денот ќе започнат значително да опаѓаат.

Подготви: Славчо Попоски

Loading...

Related posts