Uncategorized

Чиј наредби ќе слуша полицијата на вечерашните протести?

ECA

Кој раководи со оперативниот штаб на МВР во пресрет на вечерашните протести најавени од иницијативата „За заедничка Македонија“? Официјален одговор на ова прашање нема.

Денеска недостапен за јавноста е и Министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, но и Директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков. Неофицијално од министерството потврдуваат дека Чавков е разрешен од прв човек на штабот кој раководи со бебзедносните сили присутни на протестите. Сепак креваат раменици на прашањето ако е разрешен тогаш кој е назначен и чии наредби ќе се слушаат. Велат дека наскоро ќе излезат со ново име кое ќе биде раководител на штабот.

Убедуваат дека тој е формиран од дваесетина луѓе, професионалци, кои би требало да одговорат на задачата која им е доделена. Поранешниот шеф на военото разузнавање, Владимир Пивоваров, не верува во ова оти истите тие луѓе потфрлија на четврточните протести. Смета дека со вториот Пржински договор не случајно му ги заврза рацете на министерот.

Инаку истрагата утврди дека еден од напаѓачите работел во Петтата управа. На снимките пак се гледа дека пратеници од ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои и Крсто Муковски, Сашо Василевски и Јохан Тарчуловски се во фоајето на Собранието. Полицијата денеска извести дека ги прегледала безбедносните снимки и лоцирала кој од внатре ги отворил вратите за демонстрантите да можат да влезат, но не го открива нивниот индентитет и дали се работи за политичари или пак вработени во Собранието.

И додека иницијативата „За заедничка Македонија“ преку социјалните мрежи повикува на нови помасовни протести, собраниската зграда е опколена со барикади. Метални жици ги поврзуваат пречките како дополнително зајакнување. Собраниската зграда и денеска е под постојано полициско обезбедување. Пред зградата паркирано е и личното обезбедување на дел од политичарите.

Инаку ден после инциндентот, министерот за внатрешни, како виновник за потфрлањето на полицијата го посочи директорот на Јавната безбедност и шеф на штабот Чавков и рече дека раководел под политичка директива. Тој пак негираше и врати дека полицијата интервенирала соодветно. Внатрешната контрола на министерството треба да истражува дали има одговорност кај полицајците.

Билјана Николоска ( Telma)

Loading...