vesti24.mk
ВЕСТИ

Шекеринска го одбила амбасадорското место во САД, се спрема ли за собраниски спикер?

ECA

Претседателот Стево Пендаровски на Радмила Шеќеринска и понудил амбасадорско место во Америка, но таа го одбила, дознава Алфа.

Веднаш побарале одговор од кабинетот на претседателот, но и лично од министерката за одбрана, ама оттаму молк – ниту потврда ниту негирање до овие вести.

Ова уследи откако во јавноста, пред само 3 дена во албански медиуми, излезе информацијата дека СДСМ има намера да ја предложи токму Шеќеринска за прва жена претседател на Собранието. Министерката  не ја демантираше оваа вест.

Ваквиот тек политички практично значи дека ако таа е решението за спикер, тогаш премиерот би бил од албанската заедница. Целата оваа комбинација не е прифатлива од помалите партнери во коалицијата „Можеме“, меѓу кои врие заради начинот на кој Заев ги „вози“ преговорите во обид да направи мнозинство за Влада.

Во меѓувреме дел од албанските партии повторно со уцена до Заев. Алијансата за Албанците би прифатила да влезе во новата Влада заедно со ДУИ, но само доколку мандатар биде Насер Зибери.

„Формирањето на Влада е игра на бројки, нормално, ние сме кажале, ако мандатар е Насер Зибери, ние ќе го поддржиме. Ако не, сите други комбинации кадешто би се нашле со некого со одредени програмски точки и принципи на добро владеење, тука сме да помогнеме и доколку можеме да направиме 61 пратеник без ДУИ“, рече Таравари.

Целата вест прочитајте ја на АЛФА

извор:курир.мк

Loading...

Related posts