ВЕСТИ СВЕТ

Што кажале за него луѓето кои го познавале и му биле како деца за најбараниот човек на светот Осама Бин Ладен

ECA

Осама Бин Ладен, лидер на Ал Каеда, бил најбаран човек на светот. Додека западните сили го сметале за терорист и верски фанатик, неговите приврзаници и сојузници имале поразлично мислење за него.

Осама Бин Ладен бил убиен на 2. мај 2011. година во напад на американските специјални сили во комплекс на 60 километри од Исламабад, главен град на Пакистан.

Со убиството на Бин Ладен била завршена 10-годишната потрага по најбараниот човек на светот.

Лидерот на Ал Каеда во целиот свет важел за суров лидер на терористичка организација, која е одговорна за нападот на 11. септември на Светскиот трговски центар во Њујорк, и за уште неколку напади со масовни жртви.

Меѓутоа, луѓето кои го познавале, негови соработници и сојузници, имаат поразлично мислење за него.

Ахмед Зајдан направил интервју со многу луѓе, меѓу кои и талибански командоси, муџахедини, пакистански службеници и новинари, кои откриле каков бил лидерот на Ал Каеда.

Тие ги опишале своите искуства со Бин Ладен, човекот кого непријателите го обвиниле дека е верски фанатик и терорист, додека оние кои го поддржувале верувале дека се бори против западната агресија.

“Шеик Осама Бин Ладен не третираше нас како свои родени деца. Кога некој од нас ќе се разболеше, тој седеше покрај него додека не оздрави”, рекол еден од неговите соборци.

'I knew bin Laden'

Osama bin Laden's life through the eyes of people who knew him.Full film: http://aje.io/bpxu6

Posted by Al Jazeera English on Wednesday, 9 May 2018

“Мислам дека влегувањето на војската на САД и западните земји во Саудиска Арабија во 1990. и 1991. година го предизвика Осама Бин Ладен на два начини. Тоа, на еден начин, го зацементира неговиот анимозитет кон САД, а од друга страна го отуѓи од владата на Саудиска Арабија. Тој веруваше дека секоја влада која може да ги повика западните сили во домот на Пророкот не е влада која тој сака да ја поддржи”, објаснил Мајкл Шуер, поранешен директор на ЦИА.

Бин Ладен ги искористил 80-тите години да собере средства за регрутирање на Муџахедини, герилци кои се бореле против окупацијата на Авганистан.

“Луѓето во Авганистан многу ги почитуваа арапските борци. Секогаш се молевме за овие маченици и нивните семејства. Се молевме Бог да ги благослови, без разлика каде се наоѓаат”, рекол Ахмад Шах Ахмаџаи, поранешен премиер на Авганистан.

Бин Ладен го преземал водството над Ал Каеда во 1989. година, кога бил убиен неговиот ментор Абдулах Азам.

“Осама лично ми кажа дека шеикот Абдулах беше наш чувар, а дека сите ние сме во неговата сенка. По смртта на Абдулах, неговата улога стана уште поголема”, рекол Абу Акрам, поранешен арапски борец во Авганистан.

Осама Бин Ладен одржал само една конференција за новинари, на која и објавил војна на Америка. Ги обвинил дека ја сквернавеле “светата арапска земја”.

“Рече дека е против присуството на странските трупи во Арабија од две причини: Исламски и патриотски”- рекол Рахимулах Јусуфзаи, уредник на весник.

Во едно интервју ја истакнал разликата меѓу американската политика и христијанството.

“Читав дека се екстремен и радикален тип на луѓе. Кога за време на Рамазан влегов во неговиот шатор, ме понудија со ручек. Се чувствував безбеден бидејќи знаеја дека сум христијанин и се однесуваат добро со мене. Бин Ладен ми кажа дека не е против ниедна религија, туку против американската политика, бидејќи таа сака да се наметне во муслиманскиот свет”, заклучил Ониел Аднан, камерман.

Loading...

Related posts