vesti24.mk
ЗАБАВА

Што кажува за вас последната бројка од годината на раѓање?

ECA

Ако вашата година на раѓање завршува на бројот „1“

Тогаш вие сте тип на личност која е екстремно конкуретна и сака да победува по секоја цена. Вие сте амбициозни кога станува збор за остварување на вашите соништа. Не сте оној кој лесно се откажува и се борите со последниот здив за да бидете најдобри.

Ако вашата година на раѓање завршува на бројот „2“

Тогаш сте личност која се пронаоѓа во дуализмот на животот. Таквиот начин на постоење се подразбира во тоа што покажувате различност во страните кога станува збор за луѓето кои ги сакате и останатите. Луѓето ги делите на строг начин и оние кои не ви се блиски и не се во вашиот круг никогаш нема да разберат за каква личност станува збор и што вие навистина сте.

Ако вашата година на раѓање завршува на бројот „3“

Тогаш сте повеќедимензионална личност. Вие го разгледувате животот од различни перспективи и донесувате заклучоци засновани врз сопствните мислењата, но и оние на вашите најблиски и на вашите противници.

Ако вашата година на раѓање завршува на бројот „4“

Тогаш сте од оној тип на личности кои се многу самосвесни. Поседувате целосно разбирање насочено кон самите себе и точно знаете што сакате.

Ако вашата година на раѓање завршува на бројот „5“

Тогаш треба да знаете дека вашата личност ги вклучува во себе сите компоненти како оган, вода, земја, воздух и срце кои го формираат јадрото на постоењето. Вие сте личност способна да биде било што, само треба да изберете.

Ако вашата година на раѓање завршува на бројот „6“

вие сте личност која има врска со темната страна на животот и имате дел од вас кој напредува во темнина. Тоа не мора да значи дека поседувате лоша особина, туку со тоа се потенцира дека имате способност целосно да го уништите оној кој би се осмелил да ви нанесе зло, вам или на вашите најблиски.

Ако вашата година на раѓање завршува на бројот „7“

Вие мистероизната душа за која сите зборуваат. Шармантни сте и блескате. Вие сте личност која зад својата насмевка може да сокрие многу тајни.

Ако вашата година на раѓање завршува на бројот „8“

Вие сте длабока, внимателна и личност полна со идеи. Овој број, свртен странично, укажува на бесконечноста и ја докажува вашата способност на справување со нови мисли. Претпочитате значајни разговори во кои доминира размената на идеи и сакате кога сте опкружени со интелектуалци.

Ако вашата година на раѓање завршува на бројот „9“

Вие сте многу прецизна и личност која е ориентирана кон деталите. Перфекционист сте и постојано барате извонредност. Тоа значи дека за вас и совршеното не е доволно добро и постојано ќе се обидувате да го подобрите.

Ако вашата година на раѓање завршува на бројот „0“

Вие сте прилагодлива, паметна и дискретна личност. Како и нулата, можете да бидете се или нeшто и можете да ја сокриете вашата вистинска природа како камелеон. Вие сте харизматична личност која во иста мера е и енигматична, мистериозна и интригантна.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts