ЗАБАВА ЉУБОВ И СЕКС

Што не треба да правите веднаш после секс?

ECA

Веднаш после сексуалното доживување сакаме да уживаме во напливот на хормони што нѐ прави опуштени, задоволни и малку мрзоволни.

Сепак, нека не ве фаќа мрза за да направите неколку задолжителни работи.

Покрај тоа, има и уште неколку работи што не треба да ги правите веднаш после секс, без разлика дали се работи за секс за една вечер или секс со повремен или постојан партнер.

Не заборавајте да уринирате

Можеби не ви звучи (и изгледа секси) да се искраднете кон бањата веднаш после секс, но многу е важно да го испразните мочниот меур, а тоа особено важи за жените.

Сексуалните активности може да ги поттурнат бактериите нагоре во уретрата и потоа да си имате мака со уринарна инфекција.

Немојте да се „киснете“ во жешка бања

Експертите се согласуваат дека бањањето или туширањето после секс е сосема во ред, но треба да одбегнувате лежење во када со жешка вода. Повторно, ова особено се однесува на жените.

Долгата изложеност на жешка вода може да ја намали способноста на антибактериската бариера на вашата кожа.

Не користете парфимирани производи за нега на интимните делови

Производите за хигиена и нега кои содржат мириси и парфеми може да ја иритираат и онака чувствителната кожа после секс.

Идеално е да се измиете само со вода, советуваат докторите.

Не ги пакувајте секс играчките пред да ги исчистите темелно

Како што го миете телото после секс, така треба и да ги измиете сите секс играчки кои сте ги користеле.

Секс играчките обично се изработени од синтетички материјали и задржуваат бактерии. Темелно и навремено чистете ги за да одбегнете ризик од инфекции.

Се препорачува да ги миете со млака вода и нежен сапун или како што е наведено на пакувањето.

Не треба да се „исклучите“

Без разлика дали планирате да останете или да си заминете за брзо, не заборавајте на вашите манири.

Не се фаќајте веднаш за телефонот или далечинскиот управувач. Бидете присутни и разговарајте, без разлика на нивото на блискост со партнерот.

Ова особено важи ако сте во врска. Моментите после секс се важни за зацврстување на интимноста со партнерот.

Извор: kajgana.mk

извор:курир.мк

Loading...

Related posts