vesti24.mk
ЗАБАВА

Што ќе ви се случи ако јадете 12 сливи на ден?

ECA

Оваа кралица на мармаладите има уште една „кралска лента“: таа е прв избор кога страдате од констипација (запек).

Сливите се задолжителен избор на секоја домаќинка која приготвува зимница, а освен што најчесто се користи за приготвување на мармалад и на оние познати кнедли со сливи, секако е пожелно да се јадат и свежи. Сливите содржат витамин Ц (5 до 8 мг на 100 грама, зависно од видот на сливите), витамин Б6, бакар, витамин Б2, витамин Б3, витамин К, магнезиум, железо, калциум и калиум (дури 240 мг на 100 грама сливи). Тие се богати и со влакна, 2 грама на 100 грама сливи, а покрај сето ова, има и многу малку калории.

Претходните истражувања покажале дека сливите ги јакнат коските, го намалуваат ризикот од заболување од рак на дебело црево, но и дека консумацијата на 12 сливи со просечна големина, на ден, во текот на два месеци го намалува нивото на лошиот холестерол.

И тука не престануваат благодетите на оваа „кралица“. Едно истражување покажало дека со консумација на околу 12 суви сливи на ден, односно, 100 грама, за 3 месеци значително ќе се зголемат маркерите во крвта кои покажуваат зголемување на густината на коските.

Дихидрокси-фенил и затин, една од состојките на сливите заради кои, помеѓу останатите, ова овошје има и лаксативен ефект. Му помагаат и сорбитолот и фенолите како и растителните влакна. 25 грама суви сливи, што во просек, е еквивалент на три плода, ќе ви обезбедат 5 проценти од потребното дневно внесување на влакна.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts