Uncategorized

Ѓорческа ја освои првата сингл титула во 2017 година

ECA

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа триумфираше на фјучрсот во францускиот град Денен, откако во финалето ја победи Јапонката Мари Осака со 2-1 во сетови (6:2; 5:7 и 7:6 (8:6).

Ова е прва сингл титула за нашата тенисерка во 2017 година, а финалистка беше и на фјучрсот во Тунис. Финалниот меч траеше 2 часа и 26 минути.

Мечот нашата тенисерка го почна одлично и направи серија од 4:0 и предноста од два брејка за зачува до крајот на сетот што значеше водство од 1-0.

Во вториот сет до резултатот 2:2 беше изедначено. Потоа Мари Осака направи брејк и поведе со 4:2, но Ѓорческа го врати брејкот и изедначи во финишот на сетот на 5:5. Сепак Јапонката уште еднаш одзема сервис на нашата тенисерка за водство од 7:5 и изедначување на 1-1.

Во решавачкиот сет ниту една тенисерка не успеа да направи брејк, Ѓорческа имаше четири можности, а Осака една. Во тој случај тај брекот го даде победникот на турнирот. На почетокот две тенисерки имаа по два „мини брејка“ 2:2 на поени и на промената на страните беше 3:3. При водство од 5:4 на Осака во тај брекот Ѓорческа имаше ас сервис, а потоа и поведе со 6:5, но не ја искористи првата меч топка на сервис на противничката. Затоа ја искористи втортата меч топка при резултат 7:6 на свој сервис.

За триумфот на овој фјучрс Ѓорческа ќе добие 50 ВТА поени. Турнирот се играше за награден фонд од 25.000 американски долари. Нашата тенсиерка беше и прва носителка на турнирот и ја оправда фаворитската улога.

извор:скопјеинфо

Loading...

Related posts