vesti24.mk
Uncategorized ВЕСТИ СВЕТ

Ја известила шефицата дека не доаѓа на работа бидејќи животот на нејзиниот син е во опасност, а за возврат добила шокантен одговор поради кој побеснела

ECA

Кристал Рејнолдс Фишер од Мичиген пред една седмица доживеала непријатна ситуација откако ѝ се јавила на шефицата дека не може да дојде на работа, бидејќи нејзиниот син се разболел и завршил на болница.

Имено, нејзиниот син изненадно и необјасниво добил сепса и веднаш бил префрлен во болница каде докторите го вклучиле на апарати кои му помогнуваат да остане во живот. Очајна и загрижена за својот син, ѝ се јавила на шефицата дека е спречена да дојде на работа и ѝ објаснила за што се работи. Меѓутоа, наместо поддршка и разбирање, добила одговор кој ја оставил во шок.

“Овде не функционираат работите така, го прифаќам твојот отказ”, пишувало во пораката на шефицата.

Шокираната Кристал прашала како треба да функционираат работите кога нејзиниот син е во животна опасност.

“Во ниту еден момент не реков дека давам отказ, но ете, прифаќам да ме отпуштиш”, бесно ѝ вратила Кристал.

А, набрзо ѝ вратила и шефицата:

“Кога не можеш да дојдеш на работа тоа е твое давање на отказ”.

“Не тоа значи дека те известувам дека не можам да дојдам на работа, бидејќи животот на мојот син виси на конец и ти го кажаувам тоа претходно”, напишала Кристал која подоцна сите пораки ги објавила на Фејсбук.

Мајката веднаш добивала пораки со поддршка, а корисниците на социјалната мрежа имаа многу погрдни зборови за нејзината шефица.

За жал, тоа не било крај на пораките:

“Морам да плаќам сметки, а и на тој начин би била преокупирана. Во оваа фирма не се доаѓа и заминува туку така, два дена ти се покриени. Твојот син е на најдобро можно место, а јас морам да ја водам работата и тоа е мојот фокус”, напишала шефицата.

We’d like to follow up on the issue brought to our attention recently regarding how an employee time off request was…

Posted by PS Food Mart on Monday, July 2, 2018

Но, Кристал доби соопштување од компанијата која наведила дека ја испитале цела ситуација:

“Утврдивме дека постапката е неправилна и бесчувствителна, што не се совпаѓа со политиката на нашата компанија. Жал ни е за тоа. Поради оваа немила ситуација, моравме да реагираме и да ѝ дадеме отказ на менаџерката која нè доведе во оваа ситуација. Ја известивме Кристал дека може да земе слободни денови колку и да ѝ се потребни во овој тежок период”, стои во соопштението на компанијата.

Loading…
Loading...

Related posts