vesti24.mk
ЗАБАВА

Ја фатил својата девојка во нивниот кревет со друг маж: Сите му се восхитуваат како изреагира и што направи потоа (ФОТО)

ECA

Дастон Холовеј од Тексас ја “фатил” својата девојка во кревет со друг, но наместо бурна, насилна реакција, тој направил нешто што никој не го очекува..

На ова момче, луѓето ширум светот му симнуваат капа. Тој ја “фатил жива” својата девојка на местото на злосторството, како спие до друг, но не направил драма, дури не ја ни разбудил.

Кога ова момче се вратило дома имало што да види. Во неговата спална соба на неговиот кревет спиела неговата девојка – но со друг маж. Девојката била толку пијана што не се ни разбудила кога Дастон влегол во собата.

Наместо да направи сцена, Дастон направил нешто за кое ретко кој би имал нерви. Тој го извадил својот мобилен телефон и започнал да го фотографира заспаниот пар, па направил и неколку селфи-фотографии со својата девојка и мажот со кој го изневерила.

Оваа фотографија потоа ја објавил на својот Фејсбук профил со коментар: “Кога ќе се вратиш дома и ќе те дочека друг маж во својот кревет покрај таа која ја сакаш”.

Откако неговата објава стана вистински хит на Фејсбук, Дастон признал дека се чувствувал ужасно поради тоа што го изневерила и дека му било многу тешко, но дека по поддршката која ја добил од целиот свет, сфатил дека не е тој оној на кого треба да му биде тешко и дека лесно ја преболел.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts