vesti24.mk
ВЕСТИ

Јовановиќ: Одлуката за поскапување на струја е политичка, таа не беше донесена пред избори за да не изгубат поени

ECA

„Објаснувањето што беше кажано од Регулаторна мене ми е прилично несмасно. Практично не можам да поверувам дека може да се покачи цена на струја како дозволуваат сметките, методологијата. А, законите дозволуваат да се покачи цена на струја во ваква криза, но не дозволуваат да се намали. Мене ми е тоа практично неприфатливо објаснување. И мислам дека едноставно е недолично објаснување во ваква ситуација, и мора да се изнајде решение“, истакна Бранимир Јовановиќ, поранешен советник во министерството за финансии при своето гостување во емисијата „Бизнис поенти“.

Јовановиќ посочи дека е доста загрижувачки што една ваква крупна одлука, најкрупна економска одлука што е направена последните десетина години, многу поголема на пример и од прогресивниот данок.

-И загрижува што една ваква одлука се префрла на техничка комисија, на техничко тело како што е Регулаторна комисија за енергетика, кога на сите им е јасно дека ова ги погаѓа сите граѓани. Сите два милиони жители на оваа држава се погодени од вакво нешто. Ова е очигледно политичка одлука, ова е одлука која што има крупни и политички и социјални последици. И зад неа мора да стои Влада, Собрание. Ваква одлука не можеше да се носи пред избори бидејќи беа свесни дека ќе изгубат поени. А, од друга страна ниту да ја почекаат новата влада, па таа влада да сноси да кажеме одговорност за ова, туку го прават ова во период помеѓу две влади. Што е многу загрижувачки, додаде Јовановиќ.

Јовановиќ вели дека покачувањето на струја е директен удар врз 755.000 сиромашни граѓани, кои што дел од нив живеат со 40 денари дневно.

-Покачувањето на цената на сметките на електричната енергија ќе значи поскапување на животот на граѓаните, особено за најранливите. Ние сме држава со највисока стапка на сиромаштија во Европа. Околу 20% од луѓето во ова држава, односно 755.000 луѓе живеат во сиромаштија. Од нив околу 100.000 луѓе живеат во екстремна сиромаштија. Односно со помалку под 40 денари на ден, нагласи  Јовановиќ.

Јовановиќ додаде дека екстремно сиромашните граѓани во Македонија ќе треба да плаќаат повисоки сметки за електрична енергија.

-Дури се говори во јавноста дека ова поскапување ќе значи и 100 до 200 денари повисока сметка месечно. За луѓе што живеат со 40 денари на ден тоа се огромни пари. Така што ова поскапување ќе значи удирање по најсиромашните. Уште повеќе загрижува што тоа се прави за да им се удоволи на три големи монополски компании. И тоа компании кои што прават огромни профити. Тоа се ЕВН, ЕСМ по старо ЕЛЕМ и МЕПСО“, појасни Јовановиќ.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts