ВЕСТИ

Ја испил пијачката, бил до тоалет па пукал во Бојку Леку – нови детали за убиството

ECA
Во врска со убиството на Дилавер Бојку Леку, извршено на 14 август годинава во неговиот ресторан на струшката плажа „Аква блу“, истрагата засега не соопштува никакви нови детали. Но голема е веројатноста дека истрагата не стои во место, и дека има значаен прогрес, а мотивот за вршење на делото сѐ уште докрај не е расветлен, пишува Нова Македонија.

Извори на весникот, независни од истрагата, од Струга информираат дека полека се склопуваат коцките од мозаикот и покажуваат дека убиството било долго планирано до детаљ, има индиции дека се инволвирани повеќе лица во криминално, односно во т.н. злосторничко здружување, од кои најмалку пет лица биле непосредни организатори на убиството, а еден од нив – директен извршител. Постојат индиции и дека криминалната егзекуција требало да се реализира токму на денот кога има авионски лет за странска држава, токму од најблискиот аеродром, а часот за „реализација“ да се сочека за биде многу кратко време пред полетувањето на авионот, односно чекирањето (и летот, се разбира од државава) да биде во последниот момент. Во таквиот контекст, веројатно исклучително добро се водело сметка и за „идентитетот“ на извршителот и за неговите „оригинални“ патни исправи, односно и при купувањето на картата извесно време однапред.

Нова Македонија пишува дека нов момент е сознанието дека убиецот неколку дена пред убиството доаѓал во „Аква блу“ и спокојно си нарачувал некаков пијалак, ќе го испиел и си одел без да комуницира со никого, влегол во тоалет во понеделникот, па во 16 часот и 15 минути му пукал на Бојку во слепоочницата. Потоа избегал и се качил на моторче.

Убиецот кај стадионот се качил на моторче што лично го управувал и според изворот на Нова Македонија ставил заштитен шлем и откога се уверил дека никој не го гони, се вратил назад во правец на „Аква блу“, но не застанал таму туку продолжил кон хотелот „Мираж“ што е оддалечен околу 200 метри од местото на злосторството, во насока на Охрид. Таму го чекал камионет „мерцедес“. Извршителот, како во филмовите, заедно со моторот влегол во приколката на камионот. Оттаму тој е префрлен до аеродромот „Св. Апостол Павле“, каде што во 16.35 пристапува на шалтерот за да го чекира билетот за летот за Базел. Истиот извор наведува дека во чекалницата за полетување влегол уште во 17.15 часот, а летот бил во 18.30 часот. Се претпоставува дека луѓето што му го организирале доаѓањето во Струга го засолниле на сигурно во Швајцарија, каде што засега му се губи трагата.

извор: пресс24

Loading...

Related posts