АВТОМОБИЛИ

Ја подели добивката: Mercedes ги почести вроботените со по 5.700 евра

ECA

Сопственикот на Mercedes, компанијата „Daimler“, продаде рекорден број возила во 2017 година, па дел од профитот ќе биде уплатен на сметките на вработените.

Изминатата година беше бериќетна за „Daimler“, со оглед на тоа дека компанијата во рамките на своите брендови испорача рекордни 3,3 милиони возила ширум светот, што е за 9% повеќе отколку во 2016 година.

Ваквиот резултат се одрази на годишните бонуси што компанијата им ги исплаќа на вработените што во однос на ланската година се зголемени за 300 евра и изнесуваат и до 5.700 евра.

Од вкупно 3,3 милиони испорачани возила, автомобилите Mercedes-Benz automobili (заедно со брендовите Maybach и Smart) се продадоа во 2.373.500 единици.

Одделот AMG продаде 131.970 примероци, додека беа испорачани 401.000 комбиња Mercedes-Benz и 28.700 автобуси Daimler.

Loading...

Related posts