vesti24.mk
ЖИВОТ

Ја уцениле убавата пејачка со фотографија на која е сосема гола, а потоа таа самата ја објавила

ECA

Мексиканската пејачка на уценувачот му возвратила така што самата ја објавила својата гола фотографија

Мексиканската пејачка и актерка, 47-годишната Нинел Конде, открила дека непознат маж се обидел да ја уцени и да изнуди пари од неа, за да не објавува нејзина гола фотографија, а потоа таа одлучила спорната фотографија да ја постави на својот профил на Твитер.

Нинел тврди дека добила порака во која се наведува: “Здраво Нинел, колку пари за да не ја објавам твојата фотографија на интернет”, притоа праќајќи и ја разголената фотографија.

Конде го решила проблемот така што својата гола фотографија ја поставила на Твитер и напишала:

“Кажете “не” на уцената. Ја објавувам оваа фотографија пред да се обидат да заработат на неа. И натаму не гледам ништо лошо во фотографијата што му ја пратив на својот нутриционист”.

Loading...

Related posts