vesti24.mk
ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

Јохнес Хан: И како Северна Македонија во ЕУ дури по 25-30 години

ECA

Први на листата се Србија и Црна Гора, 25 до 30 години подоцна во пакет би можеле да влезат Албанија и Македонија, додека Косово и Босна и Херцеговина би почекале уште некоја декада.

Проширувањето на Западен Балкан е еден од приоритетите на Европската унија (ЕУ), а секоја држава ќе се третира одделно, според постигнувањата, порача еврокомесарот за проширување Јоханес Хан од Виена.

По средбата со лидерите на Западен Балкан, Хан рече дека не е реален истовремен влез во ЕУ на земјите од Западен Балкан, но и дека сите шест земји имаат европска перспектива.

Во Виена се одржа официјалниот работен појадок за премиерите од Западен Балкан, организиран од австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Курц на прес-конференција изјави дека, до крајот на претседавањето со ЕУ Австрија, кога станува збор за прашањето за земјите од Западен Балкан, фокусот го става на има три точки или , патот на регионот кон ЕУ, неопходната регионална соработка и решавање на билатералните конфликти во регионот.

На состанокот стана збор за европската перспектива на Западен Балкан, регионалната соработка и за билатералните конфликти.

Loading...

Related posts