vesti24.mk
ЗАБАВА

Ќерко моја, би сакал да бидам сигурен дека сум те научил на овие работи…

ECA

Ќерко моја, би сакал да бидам сигурен дека сум те научил:

… да уживаш во љубовта
… да веруваш во својата сила
… да се соочуваш со своите стравови
… да се воодушевуваш од животот
… да бараш помош кога ти е потребна
… да им дозволиш на другите да те тешат кога страдаш
… да носиш сопствени одлуки
… да се избориш за тоа другите да го ценат  твојот избор.
… да си бидеш другарка самата на себе.
… да не се плашиш дека ќе излезеш смешна
… да знаеш дека ја заслужуваш туѓата љубов
… да им се обраќаш на другите со љубов и нежност
… да зборуваш или да молчиш, ама врз основа на своја процена
… да си ги задржиш сопствените заслуги
… да го сакаш и да го чуваш тоа малечко девојче во тебе
… да ја совладаш зависноста од одобрувањето на другите.
… да не презимаш туѓи одговорности
… да бидеш свесна за своите чувства и да постапуваш во склад со нив
… да не правиш работи заради аплауз, туку заради задоволство
… да даваш затоа што сакаш, а не затоа што мораш
… да бараш да бидеш чесно платена за својата работа
… да ги прифатиш своите ограничувања и ранливост без да се лутиш
… да не го наметнуваш своето мислење и да не дозволиш други да ти го наметнуваат своето
… да научиш да кажеш ДА, само кога ти сакаш да кажеш ДА
… да живееш во сегашноста и без очекувања
… да ризикуваш
… да ги прифаќаш промените и да ги преиспитуваш своите верувања
… да ги почитуваш другите и да бараш другите да те почитуваат тебе
… да ја планираш иднината, но не да живееш во неа
… да си ја наполниш прво сопствената чаша, а потоа да ги полниш чашите на другите
… да ја цениш својата интуиција
… да се прифаќаш себеси таква каква што си

извор:курир.мк

Loading...

Related posts