vesti24.mk
ЖИВОТ

Ќе седам дома, ама нема да работам за 200 евра плата

ECA
Денеска речиси сите откако ќе завршат со средното училиште, своето школување го продолжуваат со запишување на некој од факултетите кои се во Македонија, најдевајќи се дека ќе завршат високо образование и дека ќе земаат поголема плата од просечната која што е во државата.

Но, некогаш работите не излегуваат така како што се планирани. Студирањето трае 3,4,5 години, зависно за кој факултет станува збор. Но, обично после тоа се дознава дека работите не се така розеви како што изгледале.

Во денешницата најтешко е да најдеш работа, а особено онаа работа за која што си се спремал, односно за она што си учел.

Студентите откако ќе завршат со студирањето се фрлаат во потрага по работа. Но, ретко кој може да се пофали дека од прва наишол на добра работа, и каде што бил добро платен. Најчесто студентите откако ќе завршат избегнуваат да одат на пракса, која не е платена.

Откако ќе им биде понудена плата, многу од нив се разочаруваат и не ја прифаќаат.

Денеска младите подобро ќе седат дома без пари и ќе чекаат од мама и тато, отколку да работат за 200 евра или пак помалку во некои случаи. Сметаат дека се факултетски образовани, и не дозволуваат газдите да манипулираат со нив.

Но, има и такви, на кои секој денар им е важен, па прифаќаат се што ќе им се понуди, па дури и работат нешто за кое факултетската диплома воопшто не им е потребна.

извор: скопјеинфо

Loading...

Related posts