vesti24.mk
ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

Џафери им подели пакетчиња на децата од ПОУ „Иднина“ и на болните деца на Онкологија

ECA

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, подели новогодишни пакетчиња на децата од посебното основно училиште „Иднина“ и на болните деца во Универзитетската клиника за детски болести, Оддел Онкологија, соопшти собраниската прес-служба.

„Сите ние, патешествието наречено живот сме го започнале со желби и сништа, некои ни се оствариле, некои чекаме да се остварат, некои можеби нема меѓутоа, на сите вас, ви пожелувам вашиот животен пат да биде преполн прекрасни изненадувања проследени со добро здравје, прекрасни насмевки и топли прегратки, Вие тоа го заслужувате! Ви посакувам Среќна Нова година!“, порача Џафери.

Loading...

Related posts