vesti24.mk
ТРАВЕЛ

10 дестинации кои мора да се видат еднаш во животот

ECA
Доколку имате можности и време за патувања, постојат неколку дестинации кои никако не смеете да ги одбегнете и дефинитивно мора да се најдат на Вашата листа на авантури.

Покрај Ајфеловата кула во Париз и големиот Кинески ѕид, туристите ширум светот како најатрактивни локации ги одбрале следниве:

Мачу Пикчу (Перу)

Изгубениот град на Инките кој се наоѓа на надморска височина од 2430 метри. Заштитен од УНЕСКО и именуван како “апсолутно ремек-дело на архитектурата и уникатен сведок на цивилизацијата на Инките“.

Таџ Махал (Индија)

 

“Сон во мермерот”, како што го нарекуваат историчарите. Неможејќи да ја преболи смртта на својата сопруга, царот Шах Џахан го гради ова прекрасно ремек-дело во нејзина чест.

Базиликата Св.Петар (Ватикан)

Според христијанските верувања, во базиликата се наоѓа Гробот на Свети Петар, непосредно пред олтарот. Ова е најголемиот соборен хран во светот и може да собере околу 60 000 верници.

Алкатраз (Сан Франциско, Калифорнија)

Озогласениот затвор од кој наводно никој не успеал да побегне. Ал Капоне е еден од најпознатите затвореници кои таму ја отслужувале казната.

Нотрдамската Катедрала (Париз, Франција)

Богородичната црква во Париз е сметана за најубавиот пример на француската готска архитектура. „Нотр Дам“ на француски значи „Нашата Госпоѓа“ (Богородица или Дева Марија).

Света Софија (Истанбул, Турција)

Историчарите сметаат дека Аја Софија е олицетворение на византиската архитектура. Црквата била изградена во 4-от век и е поранешна православна базилика, која во текот на својата историја била претворена во џамија, а денес е музеј.

Сиднејската опера (Австралија)

Најпознатата концертна сала во светот. Објектот со познатите “школки” има повеќе функции и намени за сценски уметности. Тука се наоѓаат најголемите механички оргули во светот.

Панамскиот канал (Панама)

Најтешкиот и најголем инженерски проект некогаш направен. Каналот ги разделува Северна и Јужна Америка, а ги поврзува Тихиот и Атлантскиот Океан.

Изборот е направен врз основа на рејтинзите на познатиот “TripAdvisor”, каде посетителите се изјасниле преку коментари и осврти за местата кои им оставиле најголем впечаток.

hybread

Loading...

Related posts