vesti24.mk
ЗДРАВЈЕ

10 намирници кои го зголемуваат нивото на хемоглобин во крвта

ECA

Сигурно сте чуле за хемоглобин, но знаете ли која е неговата функција во организмот?
Овој протеин и дава боја на црвените крвни клетки. Главна состојка на хемоглобинот е железото.
Хемоглобинот може да биде низок кај оние кои имаат недостаток на нутриенти, кај оние кои страдаат од бубрежни болести и рак, кај бремени жени и кај оние во месечен циклус.
Затоа за тие луѓе особено за жените, многу е важно да внесуваат состојки богати со железо.
Долготрајно, ниското ниво на хемоглобин води до состојба на анемија, која се манифестира како:
-умор,
-блед тен
-летаргија
-вртоглавица
-главоболки
-срцебиење
-потешкотии во концентрацијата
-краток здив
-несоници
За да ја подобрите крвната слика и да ја збогатите крвта со хемоглобин, потребно е редовно да внесувате овошје и зеленчук, кои  се богати со витамин Ц -витамин кој ја подобрува апсорцијата на железо во крвта.
Во прилог 10 намирници кои ќе ви помогнат да ја подобрите крвната слика

1.Шипка

-Спаѓа меѓу најздравите овошја на светот кое е богато со витамин Ц и железо.
Со консумирање на ова овошје ќе ја зголемите циркулацијата во крвта и ќе ги намалите симптомите на анемија како што се уморот, втроглавицата, слабоста и слабиот слух.
Можете да го конзумирате овошјето посебно, да го додавате во салата или од него да исцедите свеж сок.
Ова супер – овошје има силни антиоксидантни, антивирусни и антиканцерогени својства.

2. Лубеница
Лубеницата е богата со витамин Ц и железо. Заради тоа и таа е одлична во борба против анемијата. Освен што го зголемува нивото на хемоглобин во крвта, таа и го хидратизира организмот, го намалува ризикот од дијабетес, болести на срцето, астма…
Благодарение на големото ниво на антиоксиданси, го спречува влијанието на слободните радикали и го намалува ризикот од рак.

3. Грозје
Сушеното грозје природно содржи повеќе железо отколку свежо.
Освен железо содржи и витамин Ц, па затоа е одличен избор за зголемување на нивото на хемоглобин и подобрување на крвната слика.

4. Цвекло
Сигурно веќе знаете дека цвеклото во комбинација со црвена боја е одличен за чистење на цревата и детоксикацијата на организмот.
Овој зеленчук со интензивна црвена боја е богат извор на железо, па затоа треба колку што е можно повеќе да го консумирате посебно ако сте подложени на анемија.
Шолја цвекло содржи околу 1,1 мг железо, што одговара на околу 6 проценти дневните потреби.
Анемичните лица кои често јадат цвекло имаат помалку изразени симптоми како срцеви палпитации и чувствителноста на ладно отколку оние кои воопшто не јадат.

5. Црница
Плодот на медитеранското дрво познато како црница е богато со железо.
Се смета за еден од најздравите плодови во светот. Сепак, и други шумски плодови, како боровинки и капини, се многу добри за крвта и зголемување на хемоглобинот.
Покрај тоа, ова овошје содржи многу растителни влакна и протеини, што го прави совршен избор на овошје за оние кои сакаат да ослабат.

6. Сушени урми
Ова егзотично овошје, познато по својата извонредна сладост, содржи железо.
Освен што помагаат во зголемување на нивото на хемоглобин во крвта, урмите го чуваат и здравјето на срцето.
Но, ако сакате да изгубите тежина, не претерувајте со нивна консумација.

7. Суви сливи
Тие се богати со влакна и се вистински сојузници за добро варење.
Фактот дека се богати со многу железо, ги чини одлични за зголемување на нивото на хемоглобин во крвта.
Одличен избор за анемични луѓе е компотот од слива.

8. Јапонско јаболко
Ова овошје, исто така содржи витамин Ц и е богато со железо, но содржи и калиум што е вториот најзастапен минерал присутен во него.
Токму оваа комбинација на витамин Ц и железо е одлична храна за анемичните лица.

9. Семки од тиква
Семките од тиква се богати си железо, витамин Ц како и протеини затоа се одлични во борба против анемијата. Овие семки се одлични сојузници и во борбата против рак на простата.
Освен железо, тиквата содржи и витамин Б12, кој, исто така, помага во подобрување на крвната слика. Овој витамин се покажа како особено важен во третманот на ретка болест на крвта наречена српеста анемија.

10. Мешунки
Леќа, грашок, соја, наут и други мешунки како и гравот можат да помогнат во зголемување на хемоглобинот и на тој начин да се спречи анемијата. Тие се одличен извор на железо за вегетаријанци и вегани.
Мешунките вклучуваат фолна киселина, магнезиум и калиум.

hybread

Loading...

Related posts