vesti24.mk
ЖИВОТ

10 Навики на успешните луѓе

ECA
Постојат голем број на текстови каде ќе прочитате што успешните луѓе прават за да бидат успешни, но тајната е во повторувањето секојдневно на истите работи. Како што рекол Аристотел, “Ние сме она што постојано го правиме. Успехот, во тој случај, не е чин, туку навика“.

Ова се 10 навики на успешните луѓе.

1.Стив Џобс-дадете приоритет на она што е важно
Работите кои ги правите не мора да го сменат светот за да бидат од значење. Викендите се период од неделата кога треба да се потсетите на малите работи кои ги имате заборавено. Поминувањето на време со вашите пријатели, деца или партнер, можеби нема директно да ви го зголеми профитот тој ден, но тоа не го прави тоа време помалку важно.

2.Ана Винтур-останете активни
Одговорниот уредник на магазинот Вог, одвојува секој ден по еден час за да игра тенис. А таа не е единствената која одвојува време во текот на денот за физичка активност. Ричард Бренсон се одржува во форма преку kite surfing, додека четвртиот најбогат милијардер во Индија е успешен маратонец. Успешните луѓе се свесни за девизата-во здраво тело здрав дух. Ако ништо друго барем на тој начин ќе го согорите алкохолот и нездравата храна која сте ја внеле за викендот.

ana vintour

3.Ворен Бафет-направете време за вашите хобија
Ворен Бафет е сметан за најуспешниот инвеститор на 20-от век, но во своето слободно време тој сака да свири на укулеле. Успешните луѓе се многу често и интересни луѓе, а најголема заслуга за тоа имаат нивните хобија. Се разбира, групните активности се секогаш одлична идеја, но и оние активноти кои ги имате кога сте сами се подеднакво ефикасни, како што е плетењето за Мерил Стрип, или сликањето на платно за Џорџ Буш. Ова ќе ви помогне за да ја развиете вашата креативност и за да се ослободите од стресот.

4.Опра-практикувајте смиреност
Најмоќната личност според Форбс за 2013 година, и покрај своите обврски сепак наоѓа време два пати во денот по 20 минути да седи во мирување. Целиот корпоративен свет ги препознава придобивките од медитацијата и мирувањето за намалување на стресот, зголемување на продуктивноста, и зголемување на креативноста. Денот кај овие луѓе е секогаш преполн со обврски, активности, донесување на важни одлуки. Затоа медитацијата и мирувањето се помеѓу омилените активности на успешните луѓе.

opra 2

5.Бил Гејтс-пронајдете време за да се осврнете на сработеното
Пронаоѓачот на Микрософт во една пригода има изјавено-“Убаво е да се слави успехот но поважно е да се внимава на лекциите на неуспехот“. Осврнувањето на она што се случило треба да е дневна рутина, но и викендот е одличен период за да се осврнете на неделата која поминала, и да извлечете поуки и лекции за да направите подобрувања за следната.

6.Ричард Бренсон-бидете хумани, вратете назад
Според овој милијардер, волшебно е колку може фокусирањето на прашања како што се здравје, сиромаштија, климатски промени, може да ви помогне во размислувањето во други области. Никој не останал сиромашен давајќи. 73% од богатите луѓе волонтираат 5 или повеќе часа месечно. Ништо не ве враќа во колосек и ви помага да се ослободите од стресот како што е помагањето на оние кои се загрозени.

успех

7.Роберт Игер-станете рано наутро
Извршниот директор на Дизни, не е единствениот директор кој станува секое утро во 4:30. Успешните луѓе не лежат во кревет до касно дури ни за викенди. Истражувањата имаат покажано дека нашиот мозок е најостар, два и пол до 4 часа од кога ќе се пробудиме.

8.Бенџамин Френклин-имајте план
Еден од татковците-основачи на САД, секое утро се прашувал, “Што добро можам да направам денес“? Успешните луѓе ја знаат успешноста на поставувањето дневни цели. Се разбира, секогаш има време и за помалку важни работи но “забушавањето“ на дневна основа, не е опција.

benjamin

9.Тимоти Ферис-немојте да правите повеќе работи од одеднаш
Мулти-таскингот е застарен модел на функционирање. Правењето на повеќе работи одеднаш ја намлува ефикасноста и ефективноста. Наместо тоа, бидете сконцентрирани на секоја поединечна активност. Ферис препорачува најмногу две цели и задачи дневно, за да се осигура продуктивноста и ефикасноста.

10.Џек Дорси-подгответе се за останите денови во неделата
Ко-основачот на Твитер и Сквер, е познат по своето 16-часовно работно време, од понеделник до петок. Но во сабота одмара и пешачи. А во недела се осврнува на неделата која прошла, и прави планови и стратегии за наредната недела. Викендите се всушност скриеното оружје на познатите. Тие ја почнуваат неделата подготвени за сите предизвици. www.hybread.mk

Loading...

Related posts