ЖИВОТ

11 лоши навики на родителите, кои можат да го уништат детето засекогаш!

ECA

Многу голема одговорност е да бидеш родител и да воспитуваш деца, а особено затоа што сѐ што правите има влијание на тоа во какви личности ќе се претворат и какви ќе бидат кога ќе пораснат.

Секако дека сите деца не се исти, но постојат низа правила и начини на однесување, кои влијаат на тоа во каква личност ќе израсне. Сѐ што правите додека ги воспитувате, остава длабока трага во нивната личност и однесување. Ова се најчестите грешки кои доведуваат до непоправливи последици врз децата, за кои родителите често не се свесни.

Не покажувате доволно почит кон личниот простор

Некои родители не очекуваат нивните деца да го почитуваат нивниот личен простор, а други не го почитуваат личниот простор на нивните деца и во тоа грешат и едните и другите родители. Двете крајноси се лоши, а за да не дојде до тоа, важно е да поставите одредени граници. Дозволете им на децата да ја почувствуваат потребата да имаат свој личен простор, со што ќе им покажете колку тој ви е важен и на вас.

Недостаток на поддршка и пофалби

Родителите кои себеси се сметаат за „old school“ мислат дека е важна само строгата дисциплина. Иако овие деца се послушни, тоа не е добро за градење на долгорочни односи и врската помеѓу децата и родителите. Покрај санкциите, на децата им е потребна поддршка, пофалба и инспирација, за да бидат задоволни. Кога нешто ќе погрешат, немојте да им викате, туку кажете им што е она што можат да го направат, за да не ја повторат грешката.

Премногу сте критични кон вашето дете

Доколку без никакви пофалби, постојано го критикувате вашето дете, тоа ќе стане многу самокритично. Ако сакате да го исправите, направете го тоа нежно и немојте да го изразувате вашето лично незадоволство, преку однесувањето кон децата.

Инсистирате на почитување на строгите правила

Доколку имате строги правила за однесување во куќата и секојпат кога детето ќе ги прекрши, вие строго го казнувате, кај детето создавате отпор кон авторитети и правила, кои можат да го доведат до деликвенција.

Премногу се грижите за детето

Сакате да бидете грижливи родители, но никој нема да ви забележи ако детето играјќи падне и се повреди. Кога детето е мало, потребно му е внимание, но подоцна попуштете малку и помогнете му да стане независно.

Очекувате од детето да биде способно за сѐ

Самостојноста и способноста се нешта кои се стекнуваат во текот на животот. Тоа е мало суштество и кога ќе му го покажете нешто како се прави, немојте да очекувате тоа да стане експерт за тоа.

Насилни сте кон детето

Некои родители мислат дека нивното дете ќе биде послушно само ако тие се премнгу строги и дека тоа треба да се плаши од нив. Родителите кои премногу ги „малтретираат“ своите деца, нема да имаат добар однос со нив кога ќе пораснат.

Премногу се трудите околу детето

Овој синдром е познат и како „хеликоптерски“ стил на воспитување, кога родителот премногу се меша во животот на детето, настојува сѐ да знае и прави сѐ за него. Тие сакаат нивните деца секогаш да бидат први и најдобри, а со самото тоа создаваат несигурност кај детето и не го оспособува да стане независно.

Не обрнувате внимание на вашето дете

Живееме во модерен свет на технологија, кадешто еден клик нѐ дели од сѐ. На родителите им се поинтересни некои други работи, отколку играње со децата и решавање на домашни задачи. Доколку децата ги препуштите на самите себе или на екраните кои и вие постојано ги гледате, немојте да се чудите кога тие ќе бидат странци за вас кога ќе пораснат.

Вие сте мрзеливи родители

Многу родители се мрзеливи кога е во прашање воспитување на децата. Тие не се трудат на децата да им подготват здрави оброци, туку постојано им сервираат брза храна, како пица. Не поминуваат квалитетно време со децата, туку ги сместуваат пред телевизор или ги препуштаат на дадилка. Вака само ќе израснат во асоцијални личности, кои понатаму во животот ќе имаат големи проблеми.

Не успевате да бидете авторитетна личност во животот на вашите деца

Некои родители се чувствуваат попријатно, доколку децата во нив гледаат „ортак“ или пријател, отколку авторитетна фигура. Тоа се луѓето кои им допуштаат сѐ на нивните деца, а не спротивно. Децата не знаат што е најдобро за нив и поради тоа родителите треба да им се најдат и да им помогнат, а на тој начин да ги научат дека треба да побараат совет и да не се плашат од тоа.

Loading...

Related posts