vesti24.mk
ЗАБАВА

15 мисли на Вини Пу кои ќе ви помогнат да бидете подобри родители и подобри луѓе

ECA

Иако оригинално е создаден пред речиси цел век, мечето Вини Пу е еден од омилените измислени ликови, како и меѓу децата, така и меѓу возрасните. Иако овој лик се појавува во многу филмови и цртани филмови, лесно се заборава дека ова слатко мече првпат оживеа во оригиналните книги „Вини Пу“ и „Куќата на аголот Пу“ на писателот А.А.Милн.

Овие класици можеби се напишани за деца, но тоа не значи дека тука не може да се најдат и многу совети за возрасни. Издвоивме 15 цитати од оригиналните книги кои ќе ви помогнат да бидете подобри родители или едноставно, подобри личности.

Кога доцните веќе 20 минути, а вашето дете одбива да се облече:

„Реките го знаат ова: Нема потреба за брзање. Еден ден ќе стигнеме таму.“

Кога упорно ги примате ударите на родителството:

„Похрабар/а си отколку што веруваш дека си, посилен/а си отколку што изгледаш и попаметен/а отколку што мислиш.“

Кога ќе се залеташ со родителството, а на твоето дете му е потребна мала пауза:

„Љубовта значи да правиш неколку чекори наназад, а можеби и повеќе… за среќата на личноста која ја сакаш.“

Кога детето упорно ти плаче, а ти брзаш за на работа:

„Колку имам среќа кога морам да се поздравам со некој кој толку многу ми значи.“

Кога сопругот/сопругата те прашува дали воопшто знаеш во кој правец одите:

„Не сум изгубен/а затоа што знам каде одам. Но, сепак, изгубеноста е баш онаму каде што сум.“

Кога сте на работ на нервите, а вашето дете намерно ја фрла храната на подот:

„Малку обѕир, само малку грижа за другите – тоа ја прави целата разлика.“

Кога ќе ве обземат чувства кон детето:

„Понекогаш, најмалите работи заземаат највеќе место во твоето срце.“

Кога на вашето дете не му се допаѓа вашиот музички вкус:

„Поезијата и пеењето не се нешто што го добиваш, туку нешто што те добива тебе. И сѐ што можеш да направиш е да одиш кон она што ќе те пронајде.“

Кога целиот викенд го поминувате седејќи на троседот гледајќи телевизија:

„Понекогаш седам и размислувам, понекогаш само седам.“

Кога детето не се смее на вашите шеги:

„Она што ме прави поинаков/а е она што ме прави тоа што сум.“

Кога вашето дете не сака да дојде да вечера, иако цело време викате по него:

„Доколку личноста не те слуша кога ѝ зборуваш, види внимателен/а, можеби има малку памук во увото.“

Кога детето ќе каже нешто неубаво и ненамерно ќе ве повреди:

„Само затоа што животното е големо, не значи дека не сака внимание. Тигарот можеби изгледа голем, но знај дека и тој сака внимание.“

Кога детето ќе се сети на некоја ваша грешка:

„Знам дека пишувам, но некогаш буквите се мешаат.“

Кога детето се плаши да излезе надвор и да истражува:

„Не можеш да стоиш во аголот на твојата шума и да чекаш другите да дојдат по тебе. Мораш понекогаш и ти да отидеш кај нив.“

Кога детето не сака да си легне:

„Мислам дека сонуваме за да не мораме долго да бидеме раздвоени. Ако ние си доаѓаме во соновите, можеме засекогаш да бидеме заедно.“

извор:курир.мк

Loading...

Related posts