vesti24.mk
ЖИВОТ ЗАБАВА

17 животни лекции кои треба да ги понесеме со себе во 2019-та година

ECA

Ситуациите кои ни се случуваат во животот понекогаш се сложени  и тешки, но тие се значајни животни лекции кои имаат за цел да ни помогнат да бидеме попаметни и помудри во натамошните години од животот. Иако не секогаш се однесуваме така, сепак важно е да понесеме некои лекции со себе и во следната година.

  1. Во животот го добиваме тоа што им го даваме на другите.
  2. Грешките се благослов, бидејќи тие ни помагаат да созрееме.
  3. Секоја личност која ни помага кога ни е потребна помош е наш ангел во тешки времиња.
  4. Никогаш не молете некого да ви даде онолку колку што мислите дека давате.
  5. Тоа што го гледаме со очите не е секогаш вистината.
  6. Можеме да ја игнорираме интуицијата, но таа секогаш е во право.
  7. И кошмарите и соништата се остваруваат, ако дозволиме да бидеме победени од стравот.
  8. Времето и просторот ни ги даваат сите одговори кои ги бараме.
  9. Задржувањето на луѓето кои нѐ повредуваат е често поболно од ослободувањето од нив.
  10. Различни луѓе предизвикуваат различни реакции кај нас. Чувајте ги оние кои успеваат да го извадат позитивното од вас.
  11. Животот не е црно-бел. Сѐ има своја нијанса.
  12. Тоа што не сакаме да го слушнеме е најчесто тоа што треба да го слушнеме.
  13. Претпоставките се многу поболни од директното прашање.
  14. Стануваме она што го мразиме. Стануваме како мислите кои ги имаме. Стануваме како луѓето со кои се дружиме.
  15. Понекогаш долгото размислување не ни помага многу. Понекогаш, интуцијата и срцето се тие кои ја носат конечната одлука.
  16. Moжеме да имаме 45 години и сепак да научиме нешто од 7-годишно дете. Треба само да имаме отворен ум.
  17. Универзумот секогаш се обидува да ни испрати порака.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts