vesti24.mk
ЗАБАВА

3 работи кои ги знаат само оние кои љубеле и изгубиле

ECA

Има една прекрасна изрека која вели вака: „Подобро да љубиш и да изгубиш, отколку никогаш да не љубиш.“ Оваа изрека обично не помага многу во моментите на скршено срце, кога целиот свет околу нас се руши, кога личноста која безрезервно сме ја сакале засекогаш заминала од нашиот живот.

Но, по некое време, работите се стабилизираат. Животот продолжува понатаму, а човекот станува благодарен што барем за момент, барем за некое време знаел и почувствувал што значи љубов. Никогаш веќе ништо нема да биде исто и секогаш ќе боли по малку, но малкумина луѓе имаат можност да знаат што значи вистински да се љуби. Тогаш ја сфаќаме комплетно реченицата: „Подобро да љубиш и изгубиш, отколку никогаш да не љубиш.“

Тие што љубиле и изгубиле ќе научат три многу вредни работи.

1 . Знаат дека на крајот преубавите спомени остануваат врежани во срцето.

Иако секоја врска завршува од многу фактори кои се негативни, иако се случуваат многу болни и тешки работи, сепак, откако ќе помине болката, откако ќе стивне бурата – сликата се избиструва и остануваат позитивните спомени. Остануваат насмевките, остануваат патувањата, остануваат прегратките.

2. Знаат дека секогаш ќе има мал дел од нив во кој ќе има љубов за изгубената личност.

И покрај тоа што времето фрла некои работи во заборав, покрај тоа што ќе продолжат со својот живот, оние кои љубеле со целото свое срце и кои ја изгубиле таа голема љубов, знаат дека длабоко во нив, секогаш ќе има љубов за личноста која ја загубиле, колку и да е таа далечна. Тоа не значи, дека тие ќе сакаат да се смират и да бидат со таа личност повторно, туку едноставно знаат дека ниту една љубов не може целосно да се избрише од срцето.

3. Што и да се случи, животот продолжува понатаму.

Без разлика на болката, на деновите кога мислеле дека не можат да станат од кревет, на солзите и беспомошноста, тие знаат дека се поминува. И доброто, но и лошото. Ништо не е постојано, а животот брзо се менува. Но, тој продолжува понатаму. И со себе носи нови авантури, нови можности за љубов и среќа.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts