Uncategorized

3 хороскопски знаци кои важат за попаметни од сите останати

ECA

Во хороскопот секогаш ги бараме најдобрите љубовници, најверните или најзлобните знаци, но дали некогаш сте се запрашале кои од нив се најпаметни?

За најпаметни знаци во хороскопот се сметаат воздушните – Близнаци, Вага и Водолија.

Близнаците имаат брилијантен ум, Вагата е најпаметна во човечките односи, додека Водолијата има памет како научник со кој го гледа светот со поинакви очи.

Паметот на земјените знаци најмногу се гледа во нивната способност за создавање удобен живот и поседувањето на материјални добра. Бикот тоа го постигнува со напорна работа и љубезност, Девицата со совршена организација, а Јарецот држи сѐ под контрола.

Огнените знаци својата умност ја демонстрираат преку огромната животна сила. Овенот е голем индивидуалец полн со истражувачки ентузијазам, по него следи гордиот Лав со огнена желба за водство и Стрелецот чија интуитивна страсност не познава граници.

Водените знаци се познати по својата емоционална интелигенција. Ракот е особено грижлив знак кој ќе направи сѐ за своето семејство и за одржување на луѓето заедно, Скорпијата ќе направи сѐ за да допре во сржта на работите не грижејќи се за она што и стои на патот, а Рибата едноставно ги сака луѓето.

crnobelo

Loading...