vesti24.mk
ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

5 години затвор: Шилегов узурпира државно земјиште во Маврово

ECA

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов направил кривично дело за кое се оди во затвор, со тоа што узурпирал државно земјиште на националниот парк Маврово, кое си го користи како двор за својата викендица, покажуваат документите до кои стигна Економски Лидер.

Документите до кои дојдовме покажуваат дека Шилегов узурпирал над 1000 м2 државно земјиште, кое се наоѓа непосредно над неговата луксузна викендица во Маврово и го претворил во дворно место.

Мапите на катастер покажуваат дека викендицата на Шилегов се наоѓа на парцелата број 1625, односно веднаш над мавровското езеро.

На аматерските фотографии кои за Лидер ги направи жител на Маврово се гледа дека дворот на Шилегов навлегува во земјиште кое е во сопственост на Република Македонија. Таму градоначалникот на Скопје си гради двор со коцка, која според нашите информации е извадена од депото на град Скопје а претходно беше поставена на плоштадот и на улица Македонија.

Од документите кои ги добивме, а ги објавуваме подоле јасно се гледа дека парцелата 1624/1 во Маврово, е парцела во сопственост на Република Македонија заведена како пасиште во вкупна површина од 1750 м2, истата директно граничи со парцелата каде се наоѓа неговата луксузна вила и истата е претворена во дворно место, поплочена со коцка и обградена со потпорни ѕидови.

Имотните листови покажуваат дека парцелата помеѓу патот и викендицата на Шилегов е во сопственост на Република Македонија, а тој таму реди коцка и си ја користи како двор, иако според деталниот урбанистички план, дворот треба да му гледа на другата страна.

Шилегов узурпирајќи го државното земјиште, кое го претворил во дворно место извршил кривично дело Узурпација на недвижности од чл. 225 ст. 2 од КЗ со што му се заканува казна затвор од 1 до 5 години затвор, дополнително со самото тоа што на земјиштето правел градежни зафати без дозвола за градба извршил и кривично дело Бесправно градење од чл. 224 – а ст. 1 со што му се заканува казна затвор од 3 до 8 години затвор.

Фактот што државното земјиште е заведено како пасиште, а се наоѓа во рамки на Националниот парк Маврово со него во име на Република Македонија управува и има право на користење ЈП Национален парк Маврово, се поставува прашањето, како управата на паркот дозволила повеќе месечно узурпирање и градење на државно земјиште, без притоа да реагира.

Нема реакција ниту од другите државни институции, како Министерството за транспорт и врски, Министерството за животна средина, Градежниот инспекторат, Инспекторатот за екологија и Јавното обвинителство, кое мора да реагира согласно закон и да поднесе кривична пријава против узурпаторот – Шилегов.

Лидер стапи во контакт со градоначалникот на општина Маврово-Ростуше, кој учтиво не замоли за ова прашање да се консултираме со секторот за урбанизам. Во текот на денот, ќе стапиме во контакт и со секторот за урбанизам и со Националниот парк Маврово.

Инаку, двете кривични дела кои ги извршил Шилегов се кривични дела кои се гонат по службена должност,  обврска е ЈО е да поведе навремена постапка.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts