vesti24.mk
ЗАБАВА

5 секс прашања кои мора да му ги поставите на партнерот

ECA

Ако сакате голема интимна поврзаност и одличен секс, за некои работи мора да разговарате отворено со партнерот.

Запомнете дека сексот мора да биде забава и релаксација за двајцата, а за да го постигнете тоа мора да разговарате отворено со партнерот.

Некои прашања мора да му ги поставите:

„Каква заштита ќе користиме?“

„Дали имаш кондом“ навистина не е секси прашање, но е едно од најважните прашања пред да се впуштите во акција. Ова особено важи кога во нова врска.

Заштитата на вашето здравје мора да биде на прво место.

„Дали сакаш да пробаме …?“

Сексот е најдобар кога имате слични гледишта со партнерот. Вие можеби сакате да експериментирате во спалната соба, но дали и партнерот го сака истото? Мора да прашате!

Отворено кажете му што ве возбудува, но и прашајте го до каде е подготвен да оди. Доколку се срамите да го сторите тоа лице во лице, направете го преку телефонски повик или порака.

„Дали тој потег прави да се чувствуваш добро?“

Сексот не е добар ако двајцата не уживаат во него, затоа мора да го прашате вашиот партнер дали му одговара одредена поза или можеби сака нешто поинакво. Кога пробувате нови работи ова прашање е особено важно.

Исто така, и ако вас не ви одговараат одредени потези треба да му кажете отворено.

„Постои ли нешто што не сакаш?“

Мора да се запознаете комплетно и да знаете каде ви се границите.

„Кои се твоите фантазии/фетиши?“

Во ваков разговор можеби ќе сфатите дека имате некоја иста фантазија или фетиш.

Но, дури и да не е така, отворениот разговор ќе направи да имате многу поцврста и поинтимна поврзаност. Тоа ќе ви ја подобри комуникацијата и ќе ви ја размрда атмосферата во спалната соба.

извор:црнобело.ком

Loading...

Related posts