vesti24.mk
ЗАБАВА

7 совети за здраво срце

ECA

Здравјето на срцето влијае на здравјето на целиот наш организам и на сите наши физички способности. Ако сакате да бидете здрави и да живеето долго прочитајте ги овие 7 совети кои ќе Ви помогнат да го одржувате здраво Вашето срце.

Сончајте се

Ако сте заробени во канцеларија цел ден имате големи шанси за срцеви и мозочни заболувања. Изложувањето на сонце го намалува крвниот притисок, го редуцира нивото на нитрит во кожата и крвта, што го намалува ризикот од мозочен удар. Така да, сончајте се за да го одржувате здраво Вашето срце и кожа.

Јадете лосос

Стресот не предизвкува само опаѓање на косата туку и го зголемува ризикот од срцев удар. Ако работата Ви го покачува притисокот, зголемувањето на внесот на риба го штити Вашето срце. Омега-3 масните киселини застапени во лососот, пастрмката и туната го неутрализираат стресот, го намалуваат ризикот од рак на простата и ги намалуваат масните наслаги кои со текот на годините се таложат на мозокот.

Темелно чекање на забите

Бактериите кои се вовлекуваат во непцето не предизвикуваат само лош здив и кариес, туку влијаат и на таложењето на плак во артериите што ве прави подложни на срцеви болести. Темелно четкајте ги забите барем два пати дневно, бидејќи колку се посјајни Вашите заби толку е поздраво Вашето срце!

Доручкувајте наутро

Прескокнувањето на доручекот е ужасна навика. Честото избегнување на оброкот наутро е штетно не само за Вашата линија, туку и за коронарните (срцеви) артерии и го зголемува ризикот од срцев удар. Со редовниот доручек, макар и набрзина, ќе бидете во форма и надворешно и внатрешно.

Бидете оптимист

Доброто расположение и позитивните емоции и размислувања го штитат кардио-васкуларниот систем. Трудете се да не бидете негативни, пробајте во се да ја пронајдете позитивната страна и ќе живеете долго и ќе бидете здрави.

Јаткасто овошје

Оревите загарантирано ги прочистуваат кардио-васкуларните органи, а кога е во прашање срцето, тие се една од трите продукти кои имаат најпозитивен ефект. Освен тоа, оревите го снижуваат холестеролот, ги подобруваат функциите на крвните садови и делуваат како антиоксидант кој е најзначаен во превенцијата против рак.

Спијте доволно

Најдобар начин за подобрување на Вашата здравствена состојба е да вежбате редовно, практикувате здрава и редовна исхрана и да не пушите цигари. Но сепак основата за здрав живот е квалитетниот сон. Спијте минимум седум часа и освен што ќе бидете поздрави, ќе го намалите и ризикот од дијабетис, депресија и ќе бидете попродуктивни.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts