vesti24.mk
БИЗНИС

Ања Николова, прва Македонка која магистрираше на престижниот универзитет Јејл, а на Павиа имала оценки поголеми и од десетка (фото)

ECA
Ања Николова има 24 години, родена е во Велес, но кога се работи за образованието таа е светски патник.

Основно образование завршила во “Kensington St. Nicholas” во Лондон и е единствената Македонка која учела во престижното училиште. Средно пак завршила во „Liceo Clasico-Marco Polo“ во Венеција. Покрај македонскиот јазик во текот на своето образование морала да научи перфектно англиски и италијански.

Своето високо образование, Ања го продолжила на Универзитетот во Павиа, на најстариот колеџ во Европа „Ghislieri“. Овој колеџ е  осонован во 1567 година и важи за еден од најдобрите колеџи во светот. За да успееш да влезеш на овој колеџ, треба да се пријавиш на јавен конкурс, а се одбираат само 40 најдобри студенти кои ќе имаат среќа да студираат во Павиа. Нејзиниот просек бил „cum laude” што значи, просек повисок од 10-ка.

За магистерските студии добила понуди од Кембриџ и Јејл, но се одлучила за втората опција. Престижниот универзитет Јејл се наоѓа во Конектикат, Америка и основан е во 1701 година. На листата на најдобри светски универзитети, Јејл се наоѓа на трето место, веднаш после Харвард и Принстон. Конкуренцијата овде е огромна, па така некои години се примаат само околу 5 проценти од пријавените потенцијални студенти. Македонката Ања Николова заслужено влегла во потесниот круг.

Во нејзиното долго CV се вбројуваат и нејзините курсеви и доедукација на Универзитетот Колумбија во Њујорк и Институтот во Женева.

Иако е толку млада, Ања зад себе веќе има работни места и професионални ангажмани кои се за секоја пофалба. Работела во Организацијата на Обединети Нации во Женева, во програмата за заштита на животната средина, во Светската банка во Вашингтон, како соработник за климатски промени во Париз и како волонтер во World Wildlife фондот, за зашита на животните.

Дел е од светската фондација „Ротари“ и е прва Македонка која е назначена за Амбасадор на добра воља. Како магистер по менаџмент на животна средина, повеќето нејзини проекти се поврзани со заштита на животната средина и борба против загадувањето, климатските промени и собирање финансиски средства за хуманитарни кампањи. Како амбасадор на „Ротари“, Ања успеала да обезбеди 300 000 долари за фонд во африканската држава Гана.

Деновиве, Ања Николова својот летен одмор го поминува во Охрид, а потоа се враќа во Њујорк каде што ќе работи во голема компанија на контрола на органски производи.

Македонијаденес

Loading...

Related posts