vesti24.mk
МАКЕДОНИЈА

Ахмети: За Албанците е неприфатливо Словенска или Национална Р. Македонија

ECA

Лидерот на ДУИ Али Ахмети смета дека во решението на името треба да учествува и опозицијата, како и дека треба да има политичка и национална согласност на заедниците, особено меѓу двете најголеми заедници, Македонците и Албанците.

Во интервју за телевизија Алсат М, прашан дали оваа влада е посмела и дали е реално набрзо конечно да се посгигне компромис со Грција околу името, Ахмети рече дека добар сигнал се охрабрувањата што доаѓаат од официјални лица од Вашингтон и Брисел, но и од Германија, Британија и Франција за компромис да се постигне до самитот на НАТО во јули годинава на кој Македонија би била примена за најнова членка на Алијансата.

– Албанската заедница отсекогаш била заинтересирана тој проблем да се реши, но сме внимателни имајќи ги предвид чувствата на Македонците, но не ни е сеедно оти ова е и наша држава. За Албанците е единствено неприфатливо име Словенска или Национална Р. Македонија, оти и ние сме дел од неа со историја и култура – рече Ахмети

Loading...

Related posts