БАЛКАН

Ако возите низ Србија внимавајте, воведени се високи казни

ECA

Деновиве стапија на сила нови правила за казнување несовесни возачи. За почеток, доколку некој во автомобилот, вклучително и патниците на задните седишта, не е врзан со ремен ќе плати казна од 10.000 српски динари по човек, или околу 85 евра. Намалена е и дозволената, толерантна стапка на алокогол во крвта од 0,3 на 0,2 промили, но и во тој случај возачот ќе биде казнет со 10.000 динари.

За “насилничко возење“ казната е драстична, 30 до 60 дена затвор откако насилниот возач веднаш ќе биде полициски проследен кај судијата за прекршоци и суден во скратена постапка. Домашните возачи одговараат за казните по пат на писмена пријава од полицијата, а за странците возачот оди веднаш пред прекршочен судија во најбилското место каде има таков суд.

Она што е за нас во Македонија, кои повремено патуваме во или низ Србија најважно се радикалните промени во мерењето брзо возење и високите казни во Србија. Имено, сега возењето по автопатот од Белград до македонската граница (и обратно) нема да се мери само со радар, туку со пресметка на просечната брзина според времето кога возилото влегло пред наплатната рампа на една точка и кога излегло на другата наплатна рампа. Кога возачот на првата наплатна рампа подига картичка за патарина таа евидентира време, а камерата на наплатната рампа го снима тоа, како и самиот автомобил и возачот.

Истата постапка е кога возилото излегува од автопатот на некоја следна наплатна рампа, и при излезот се гледа за кое време возилото ја поминало дестинацијата. Не се пресметува времето на чекање за наплата на патарина, дуку времето дека сте стасале до патарината и сте влегле во зоната во која снимаат камерите. Доколку прсечната брзина е над 100 килиометри, тогаш имате проблем и следат високи казни во рамки на 200-300 евра. За екстремни брзини, над 150 километри на час во просек, казните се затворски со изрекување 30 дена затвор. За само 10 километри прекорачување се плаќа казна 30 евра, а за поголеми брзини казната се качува до 200 евра.

Доколку сте возеле брзо а по пат сте застанале да пиете кафе или ставите бензин сте направиле паметен потез бидејќи тоа време ви се смета како да сте возеле. Доколку пак тврдите дека не сте возеле вие, а камерата не е во состојба освен детали за возилото и регистарскиот број да утврди и лик на возачот, казната ја плаќа сопственикот на визилото и зависно од брзината таа се движи до 200 евра.

Овој систем предизвика многу негодувања во Србија но, и покрај тоа од 1 април стапи на сила. Полицијата во Србија тврди дека тоа не е нов систем, туку веќе се употребува во Австрија, Италија, Холандија или Велика Британија.

Loading...

Related posts