vesti24.mk
БАЛКАН ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

АЛБАНСКИОТ ПРИНЦ ЛЕКА: Западна Македонија треба да влезе во голема Албанија, како уставна монархија!

ECA

Албанскиот принц Лека Зогу Втори предложи Албанија и Косово да се обединат како една монархија, како што потенцира, бидејќи на тој начин националното единство би било идеално за двете страни.

Во интервју за „Дејли“ принцот потенцира, дека откако кралското семејство се вратило од прогонство во 2002.година, неговата работа била да ги острани бариерите помеѓу албанците и да пропагира обединување на албанците на Балканот.

Тој вели дека, „Голема Албанија“, како конституционална монархија може да обезбеди поголема политичка стабилност од сегашниот политички систем. Тој ја посочи Велика Британија и други европски монархии како пример.

Триесет и шест годишниот принц Лека Зогу Втори е единствено дете на албанскиот престолонаследник Лека Зогу, кој почина во 2011.година. Лека Зогу беше приврзаник на идејата за формирање на Голема Албанија, во која освен Косово ќе влезат и Прешевската долина во јужна србија, западните делови на Македонија, како и делови од Црна Гора и областа Епир во Грција.

извор:инфомакс.мк

Loading...

Related posts