vesti24.mk
МАКЕДОНИЈА

Александар Велики замина во историјата, официјално стапи на сила промената на аеродромот и автопатот

ECA

Александар Велики од денеска замина во историјата на скопскиот аеродорм, а автопатот Александар Македонски започнува да гради пријателство. Вака е согласно законот. Објавените одлуки во службен весник стапуваат во сила од денеска.

Но, ако денеска тргнете на пат по автопатот Пријателство ќе патувате по патот од минатото.

– На автопатот А1 од граничниот премин Табановце до Граничниот премин Богордица, односно долж целиот коридор 10, според информациите кои ги добив од ЈПДП има вкупно 19 вакви информативни табли на кои е испишано името автопат Александар Македонски. Сите тие согласно новарта одлука ќе треба да биодат заменети со нови на кои ќе го пшишува името Пријателство.

Но, не се само овие, јавното претрпијатие ќе треба да ги промени и таблите кои инфомираат каде се наоѓа аеродормот Александар Велики.

– Откако Александар Велики ќе замине од меѓународниот аеродорм Скопје, Никос Коѕијас шефот на грчката дипломатија би требало да биде помеѓу првите официјални гости кои ќе слетаат на пистата, но како стојат работите на теренот тоа најверојатно нема да биде во скоро време.

Од ТАВ Аеродроми Скопје официјално одговараат:

Го следиме развојот на настаните. Кога ќе добиеме детални инструкции од Владата, за извршување на Одлуката, ќе постапиме согласно тие инструкции. Според инструкциите ќе тече и процедурата за промена на знакот со името на аеродромот, што е активност која ќе бара задоволување на соодветни технички процедури, пред да се случи самиот чин на промена.

Државните институции задолкжени за реализација на процесот за промена на името немаат одговор кога ќе се случи промената на таблите. Сите чекаат да ги информира владата.

Од владината прес служба пак велат:

Согласно објавата во Службен весник, одлуката стапува на сила од денеска, а дополнително одлуката е доставена до сите надлежни служби.

И додека одлуките патуваат по институциите, аеродомот и автопатот ќе го носата името на Александар Велики ем Македонски.

Иван Кузмановски / сител.мк

Loading...

Related posts