ВЕСТИ СВЕТ

Американка позирала со мртво животно и крвава секс играчка

ECA

Една девојка од САД позирала со мртва коза и секс играчка прекриена со крв во текот на ловот во Норфолк, Велика Британија.

33-годишната Лариса Свитлик предизвика бес на социјалните мрежи откако минатиот месец насмеано позирала покрај мртва коза во текот на еден лов во Шкотска, пренесува британскиот “Mirror”.

Бесните Шкоти велеле дека нејзиниот чин е “варварски” и порачале дека “повеќе не е добредојдена”, но судејќи по фотографиите на социјалните мрежи, се чини дека Лариса воопшто не се обѕира на ваквите коментари.

Овој пат, таа позирала со секс играчка и мртва коза, додека со група женски ловци го прославувале 30-тиот роденден на нејзина пријателка во Велика Британија.

На ова патување била и Џена Геринг, ловец од Британија која ја напуштила групата бидејќи Свитлик “не ги почитувала животните”. Таа рекла дека Лариса била возбудена поради убивањето на животните и дека играчката била роденденски подарок.

Posted by Larysa Switlyk on Wednesday, 7 November 2018

Според нејзините зборови, Лариса во текот на целото патување била “груба и арогантна”. Во еден од своите претходни објави, таа опишала дека два дена ја ловела козата пред да ја убие.

На маиците од колекцијата се наоѓаат слогани како “Не ми дозволувајте да ја земам вашата коза” и “Варварски ловец”.

 

Loading...

Related posts