vesti24.mk
ВЕСТИ СВЕТ ЦРНА ХРОНИКА

Американката која ја турна својата пријателка од мост: Никој не верува дека ѝ е жал

ECA

Обвинителството во американската држава Вашингтон разгледува дали ќе покрене постапка против 18-годишната Тејлор Смит бидејќи ја турнала две години помладата пријателка Џордан Холгерсон од мост.

Џордан во таа прилика се здобила со тешки телесни повреди.

Posted by Tay'Lor Smith on Wednesday, 20 December 2017

“Случајот ќе биде проследен во обвинителството на округот Кларк”, се наведува во соопштението и се додава дека Смит соработувала со властите во врска со инцидентот, пренесуваат локалните медиуми.

На снимката која ги преплави социјалните мрежи се гледа како Тејлор ја турка Џордан од 18 метри височина во вода.

Холгерсон рекла дека сакала да скокне во водата откако го видела нејзиниот пријател како го прави тоа, но Смит ја турнала пред таа да биде спремна.

“Дојдов на работ од мостот со неа. Таа одбројуваше, но јас не размислував за тоа. Реков: “Не ми одбројувај, не сум спремна”, но таа сепак ме турна”, изјавила 16-годишната Џордан.

Како резултат на падот, тинејџерката скршила неколку ребра и се здобила со повреди по телото.

Смит напишала неколку пораки во кои жали за се што се случило, но пријателите велат дека таа не покажала никакво каење.

“Се однесува како ништо да не се случило. Не ја посети во болница да види дали е добро, очигледно не ѝ е гајле”, навела една од нејзините пријателки.

На Инстаграм може да се забележи како Тејлор била на забава, неколку дена по инцидентот.

Loading...

Related posts