ВЕСТИ СВЕТ

Американски специјалец потврди дека се водела тајна војна меѓу американските и руските специјалци во Сирија

ECA

Џејмс Џефри, специјален претставник за Сирија, запрашан за коментар за инцидентите помеѓу американските и руските војници во Сирија, потврди дека имало неколку такви инциденти.

Американските сили во еден од инцидентите убиле руски специјалци кои што работеле за сириската влада. Џефри одбил да открие повеќе детали околу инцидентот, но потврдил дека САД и Русија се судриле десетина пати во Сирија за време на тамошната граѓанска војна, а понекогаш имало и директна размена на оган.

Џефри инсистира на тоа дека сите трупи на САД во Сирија се легитимно и дека се борат против џихадистите на Исламската држава, а сите судири со Русија се случиле затоа што Американците имале право на самоодбрана.

извор:точка.ком.мк

Loading...

Related posts