ВЕСТИ ЕКОНОМИЈА СВЕТ ТЕХНОЛОГИЈА

Apple стана првата компанија која достигнала вредност од 1 трилион долари

ECA

Apple стана првата компанија во Америка која достигна капитал од еден трилион долари на пазарот, победувајќи ги Мајкрософт, како и помладите ривали на пазарот на технологија, Амазон и Алфабет (Гугл).

Создавачите на iPhone ја достигнаа оваа голема цифра во вторникот, кога акциите ја надминаа вредноста од 208.38 долари по акција.

Дваесет години откако основачот Стив Џобс ја спаси компанијата од банкрот, Apple расте багодарение на успешните хит-производи и услуги, од iPod и iTunes, до iPhone и App Store.

Достигнувањето на трилионската сума ќе биде големо признание за Тим Кук, извршниот директор кој во изминатиот период добиваше многу прашања за неговото водење и позиција како лидер одткако го наследи Џобс кој почина во 2011. „Растот на акциите е резултат, а не постигнување само по себе“ извавува Кук во едно едно интервју. „За мене, најважни се производите и луѓето кои се корисници на истите“.

Иако некои сметаат дека на Apple му се потребни нови производи за да продолжи со продажбата и зголемување на капиталот, сепак, Apple го надмина трилион-нивото благодарение на веќе постоечките iPhone 8 и X – особено во Кина И јапонија.

Вол Стрит смета дека Apple може да оди могу погоре. Тринаесет анализи покажуваат дека една акција на Apple може да достигне и цена од 225 долари, па така Apple би достигнал вредност од 1,3 трилион долари.

Apple има бенефит и од инвеститорската еуфорија која го опкружува секторот за технологија.

Амазон, Алфабет и Мајкрософт исто така се доближија до рекордни високи суми годинава. Амазон вреди речиси 900 билиони долари, додека Алфабет (Гугл) и Мајкрософ вредат по повеќе од 800 билиони долари .

Сепак, Apple не е првата компанија во светот која го надминала трилионот. Нафтениот гигант PetroChina ја достигна оваа бројка уште во 2007-та кога започна продажбата на акции во Шангај. Иако потоа вредноста на акциите се намали, PetroChina се наоѓа на Њујоршката берза и сега вредноста и изнесува 205 билиони долари.

извор:точка.ком.мк

Loading...

Related posts