vesti24.mk
Uncategorized

Арапски весник открива: Европска лидерка земала пари од Гадафи!

ECA

Украинските инспектори ги истражуваат наводите дека поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи, дал повеќемилионска донација во евра за претседателската кампања на Јулија Тимошенко во 2010. година, соопштил украинскиот пратеник Володимир Аријев.

Аријев, инаку член на владејачката партија на Петро Порошенко, рекол дека тој и другите пратеници барале од Националното биро за борба против корупцијата да ги истражи наводите објавени во февруари во арапскиот весник “Ашарк Ал Аусет”.

Аналитичарите коментираат дека истрагата била отворена токму кога била објавена анкетата дека таа, ако се одржуваат избори денес, би освоила 18,7 проценти од гласовите, наспроти 15,6, колку што би освоил Порошенко. И тоа токму во време кога Украина се подготвува за претседателски избори, закажани за март 2019. година.

Во текстот се наведува дека претставник на Гадафи со приватен авион пристигнал во Киев, за да испорача торба со четири милиони евра во кеш за кампањата на Јулија Тимошенко.

“Кога таа информација се појави во медиумите, тројца пратеници пратија барање до Бирото, да се провери таа информација”, рекол Аријев и додал дека Бирото го прифатило барањето.

Од прес службата на Јулија Тимошенко порачале дека тоа е глупост и дека таа информација не е точна.

Овој случај се заканува да ја вовлече Тимошенко во скандал. Слично нешто се случило во Франција, каде поранешниот француски претседател Никола Саркози е обвинет дека од Гадафи земал 5 милиони евра за својата кампања во 2007. година.

извор:точка.ком.мк

Loading...

Related posts