ЗАБАВА ЉУБОВ И СЕКС

Атрактивна 26-годишна бринета добива вредни подароци од стари мажи: Вели дека од проститутките се разликува по една работа

ECA

Брук Вест (26) од Нов Зеланд во својата кариера како спонзоруша, добила поклони во вредност од 30.000 долари, кои вклучуваат лап топи, егзотични патувања па дури и куче.

Брук пак тврди дека тоа што го прави не е проституција и вели дека постои голема разлика од проститутките и девојките кои бараат спонзори, односно „sugar daddy“.

„Тоа што луѓето не го разбираат, гледајќи ги од страна ваквите односи е тоа дека тие не вклучуваат сексуални услуги, туку само друштво“, објаснила таа за локалните медиуми.

View this post on Instagram

White on white on Half Cast 😂

A post shared by 👻: Brookewestxx (@brookewestxx) on

Таа истакнала дека „спиењето со мажи за пари е проституција, а дека тоа што таа го прави, многу се разликува“.

Брук спонзорите ги запознавала во стриптиз барови, каде што танцувала.

„Тие беа редовни клиенти таму, па стекнавме познанство. Ако во било кој момент се почувствував непријатно, веднаш се оддалечував од нив“, рекла таа.

Брук истакнала дека тоа со што се занимава не е лесна заработка.

„Има мажи кои сакаат да те контролираат, создаваат токсична атмосфера во односот и тоа може да биде проблем ако не знаеш да се носиш со тоа и ако не знаеш како да ја решиш ситуацијата. Сфатив дека сè повеќе жени се впуштаат во такви односи преку онлајн пат, што е многу опасно, тоа ме загрижува особено кога станува збор за млади девојки, кои очигледно не се свесни за опасноста“, додала таа.

Девојката исто така истакнала дека „мажите кои ја спонзорираат не се 80-годишни, како што многумина замислуваат“.

View this post on Instagram

Thicccc 🍑

A post shared by 👻: Brookewestxx (@brookewestxx) on

„Најчесто станува збор за 40-годишни мажи. Во време кога фраерите испраќаат фотографии од својот пенис, многу е добро чувството кога сте опкружени со маж кој може да води нормален разговор и кој сака да ви помогне да ги остварите или добиете некои работи“, истакнала Брук.

Како што веќе споменавме, таа од нив не барала пластични операции или автомобили, туку „најновиот ајфон, лаптоп Мекбук про, повратни карти и сместување за неа и нејзиниот француски билдог во некои земји“.

„Ако луѓето се свесни во што се впуштаат и го почитуваат тој договор, тогаш прашањето не би требало да биде зошто го прават тоа, туку зошто останатите не го прават“, заклучила Брук.

извор:точка.ком.мк

Loading...

Related posts