vesti24.mk
СВЕТ

Атрактивна професорка уапсена поради секусални односи со тинејџер: Имавме секс со месеци, ми купи марихуана

ECA

Професорка во основно училиште е уапсена откако 14-годишен ученик призна дека му купувала марихуана, му испраќала фотографии на кои што позирала гола и со неа имал сексуални односи.

Полицијата во американската сојузна држава Флорида вчера наутро ја уапсила 26-годишната професорка Стефани Питерсон, откако 14-годишното момче им признало на своите родители за сексуалниот однос со неа.

Овој ученик од осмо одделение признал дека професорката Питерсон често го земала со својот автомобил некаде околу 23:00 часот и често поминувал часови со неа до доцна во ноќта.

Тој окрил дека професорката му испраќала фотографии на кои што позирала гола, често му купувала марихуана, а го почестила и со бонг. Според момчето, неговите оценки започнале да „паѓаат“ токму поради оваа врска, а открива дека таа го убедувала на никого да не кажува за нивната врска.

Питерсон била уапсена поради сексуални односи со малолетник, но и поради продавање на опојни средства на малолетник. Кауцијата е одредена на 25 илјади долари, открива британски „Дејли Мејл“.

Шерифот на округот Волуси соопштил дека истрагата покажала дека врската помеѓу професорката и тинејџерот започнала во ноември минатата година, а засега не е јасно дали тој бил нејзин ученик. Професорката дала отказ во училиштето во кое што работела еден ден пред да биде уапсена.

Loading...

Related posts